Руските сили го извршија најголемиот напад на Киев годинава

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта руските сили го извршија најголемиот напад на Киев оваа година, а украинската противвоздушна одбрана собори повеќе од 40 дронови над главниот град, додека над цела Украина беа соборени околу 89 беспилотни летала и еден проектил.

Засега нема информации за жртви или штети, пишува Киев Индипендент.

Шефот на Воената управа на градот Киев, Серхи Попко, најави дека ова е еден од најзначајните напади од почетокот на инвазијата и дека руските сили се обидуваат со нови тактики да го погодат главниот град на Украина.

„Агресорот пробува нова тактика – бара вистинско време, методи и средства да го погоди Киев“, напиша Попко на Телеграм.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Русија е премногу слаба за нови големи офанзиви

Во исто време, руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта во шест руски региони биле соборени 19 украински беспилотни летала, што е окарактеризирано како обид за терористички напад, пренесува РИА Новости.

„Дежурните системи за противвоздушна одбрана пресретнаа и уништија 11 беспилотни авиони над Белгород, четири над Брјанск и по еден беспилотен авион над Курск, Калушка, Ростовска област и Република Крим“, се вели во соопштението.

Министерството додаде дека е уништена и ракетата Нептун-МД над регионот Курск.