Трамп: Белата куќа ја водат фашисти, марксисти, комунисти; На Бајден му г одземаа мандатот како да е дете

Сподели со своите пријатели

Кандидатот на Републиканската партија за претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп изјави дека одлуките во Белата куќа ги носат група „фашисти, комунисти и марксисти“.

Loading...

Во интервју за Фокс њуз, тој рече дека „тие“, за разлика од него, се закана за демократијата.

„Мислам, погледнете што направија. На Бајден му ја одзедоа кандидатурата за претседател како да е дете. Му ја одзедоа претседателската функција. Неговата сопруга не сакаше тоа да се случи“, рече Трамп.

Како што рече, демократите учествуваа во „државен удар“ со заменување на Бајден на врвот на листата со потпретседателката Камала Харис, неколку месеци откако милиони гласачи го дадоа својот глас.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гренланд оди на избори: Eдна тема ќе биде клучна

На прашањето на новинар кој ја води земјата додека Харис е на кампањата, поранешниот претседател рече „група луѓе кои се фашисти, комунисти, марксисти“.

„Тие кружат околу Овалната соба и Министерството за правда“, рече Трамп.

На новинарско прашање дали мисли дека Бајден не носи големи одлуки, Трамп рече „не, мислам дека не знае дека е жив“.