Педесет и едногодишен кумановец бил приведен рано утринава бидејќи се однесувал агресивно кон полициски службеници.
Loading...
– На 26.07.2024 во 01.45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го привеле Г.П.(51) од Куманово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија, информираат од Министерството за внатрешни работи.
По целосно докуемнтирање на случајот, како што додаваат од МВР, ќе следува соодветен поднесок.
Никола Ивановски