Полицаец на тајна задача прошверцувал 100 килограми кокаин

Сподели со своите пријатели

Во рамките на истрагата за трговија со дрога во холандското пристаниште Влисинген, полицаец на тајна задача се претставил како дилер на дрога и увезол 100 килограми кокаин преку компанија за претовар на чии сопственици им платил 180.000 евра, објавија денеска холандските медиуми.

Loading...

На почетокот на мај полицијата извршила претрес во неколку куќи и во фирмата БТЗ чии тројца директори беа уапсени.

Властите претходно се сомневале дека БТЗ е параван за трговијата со кокаин, а во текот на истрагата дешифрирани пораки потврдиле дека компанијата е посредник во трговијата со дрога, пишува NL Times.

Полицијата година и пол ги прислушувала комуникациите на директорот и тајно поставила микрофони во канцелариите, како и камера на влезната капија на компанијата.

По неколку средби, полицаецот на двајцата директори им платил 180.000 евра и низ просториите на БТЗ прошверцувал 100 килограми кокаин.

Полицијата соопшти дека во изминативе години во просториите на БТЗ имало повеќе пратки кокаин во вкупна тежина од околу 2.500 килограми.

Дрогата што ја прошверцувал полицаецот доаѓа од пратка која претходно била запленета на сосема друга локација, изјави адвокатот на еден од осомничените директори.

Двајца директори негираат вмешаност, додека третиот му наложи на својот адвокат да не зборува со медиумите.

Loading...