Држава во која разводот е скоро невозможен (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Неверојатна природа, околу седум илјади острови, од 120 до 180 различни јазици, остров кој има повеќе вулкани отколку градови, секој ден по најмалку 20 земјотреси…

Loading...

 

 

Ова се сите неверојатни факти за Филипините, а меѓу нив е и фактот дека оваа католичка земја е единствената во светот покрај Ватикан каде разводот не е легализиран.

Всушност, оние кои сакаат развод може да побараат од судот да го поништи бракот, но процесот е скап, одзема исклучително време и што е најлошо, властите можат да се жалат на одлуката.

Филипинците кои сакаат да се разведат имаат моќен непријател – Католичката црква, која се противи и на контрацепцијата и на абортусот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жителите на овој град живеат на тони дијаманти и немаат намера да ги ископуваат! (ВИДЕО)

Во 2018 годинабеше усовен нацрт-закон за развод кој подоцна заглави и се уште е во тек нов обид за легализирање на разводот.

Loading...

Филипините не се единствената „необична земја“ кога станува збор за разводи.

Ирска го легализираше разводот во 1997 година, дотогаш тоа беше забрането со Уставот. Чиле го легализираше дури во 2004 година.

Во Јапонија, од друга страна, разводот е брутално едноставен, формуларот буквално се пополнува, освен ако во приказната не се вклучени деца, бидејќи таа земја наводно не ја признава опцијата за заедничко старателство.

Многу е интересно што во американската сојузна држава Делавер бракот може да се прогласи за ништовен доколку сте стапиле во него врз основа на игра со предизвик.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ноздрите кај ова племе се симбол на убавината - жените ги убиваат ако не го издржат третманот (ВИДЕО)

Што се однесува до статистиката, Малдивите имаат најголем број разводи во светот со 5,5 разводи на 1.000 луѓе.