Два големи танкери со нафта се запалија кај Сингапур. Станува збор за танкерот Ханфиа Нил кој плови под знамето на Сингапур и танкерот Церес I кој плови под знамето на Свети Томас и Принцип.
Loading...
Хеликоптерот евакуираше двајца членови на екипажот во болница во Сингапур, соопштија тамошните власти, кои не дадоа детали.
– Членовите на екипажот се спасени од бродовите и им е укажана медицинска помош – пишуваат од морнарицата на Сингапур. Деталите не ги открија ниту во својата изјава…
Танкерот Хафнија Нил превезувал околу 300.000 барели нафта, засега не е познато каков товар бил на Церес…
Бродовите биле на околу 55 километри североисточно од сингапурскиот остров Педра Бранка.