Вооружени патролни чамци го обезбедуваат републиканскиот конгрес

Сподели со своите пријатели

Туристичките чамци и кајаци се заменети на реката Милвоки ова лето со добро вооружени патролни чамци кои обезбедуваат 24-часовна безбедност околу областа каде што се одржува Републиканската национална конвенција.

Loading...

Полицијата имала задача покрај улиците во центарот на градот да ги обезбедува и речните текови, пренесува агенцијата АП.

Покрај локалната полиција, во патролирањето на реката учествуваат и федерални агенции, кои ќе продолжат да го прават до крајот на конвенцијата на крајот на неделата.

„Сите се посветени на оваа работа, работат деноноќно“, изјави службеникот на крајбрежната стража Џо Неф, додавајќи дека безбедноста на сите е приоритет.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Заменик-директорот на ФБИ размислува за оставка поради досието на Епштајн

Во текот на оваа недела, голем дел од реката е затворен за комерцијален сообраќај, како и за рекреативна употреба, со многу ретки исклучоци за оние кои живеат на реката.

Патролите со чамци се дел од обемниот безбедносен план кој се работи повеќе од една година.

Мерките за безбедност околу поранешниот американски претседател Доналд Трамп се зголемени особено по обидот за атентат врз него минатиот викенд на изборен митинг во Пенсилванија, пренесува Танјуг.