Фидијас Панајоту, популарниот кипарски јутубер кој освои место во Европскиот парламент на изборите минатиот месец, вети дека ќе гласа според она што го сакаат неговите следбеници.
Најави како ќе ја направи политиката „кул“.
Новоизбраниот кипарски европратеник, кој има повеќе од 2,6 милиони претплатници на YouTube, отиде со автостоп на инаугуративната пленарна сесија во Стразбур бидејќи мислеше дека ќе биде позабавно и поевтино.
@fidiasmepUrsula von der Leyen, Yes or No?♬ original sound – fidias
Изберете го вашиот тим
24-годишникот за „Еуроњуз“ изјави дека ваквото патување е симбол и за тоа што сака да направи со неговата нова платформа.
„Имаше малку симболика во начинот на кој го направивме тоа, да покажеме дека политичарите се нормални луѓе и да ги доближиме луѓето до политичарите“, објасни тој.
„Сакаме да го премостиме јазот што луѓето го чувствуваат кон политичарите. Нашата цел во следните пет години е да ја направиме политиката кул“, додаде тој.
Најсвеж пример за таква „кул политика“ беше употребата на едноставен лист хартија со мала табела за да се објасни односот меѓу Европскиот парламент, Советот и Комисијата.
Во друго видео, тој откри како го избрал својот тим, во кој има еден од неговите најдобри пријатели и неговиот поранешен учител.
Панајоту, кој нема политичко искуство, рече дека сака да креира политика врз основа на мислењата на неговите следбеници.
Во истражувањето учествувале 300.000 луѓе
„Со мојата кандидатура покажуваме навестување на подиректна демократија бидејќи моите видеа имаат илјадници коментари и милиони прегледи“, рече тој, посочувајќи дека знае што мислат луѓето и дека може да ја пренесе волјата на народот во Европскиот Парламентот.
Новиот пристап е веќе применет во случајот на една од најважните одлуки што треба да се донесе оваа недела: гласањето за претседателот на Европската комисија.
Јутуберот ги анкетираше своите следбеници за да одлучат што да прават.
Во истражувањето учествувале 300.000 луѓе, а 75 отсто од нив го советувале да гласа против Урсула фон дер Лајен.
Во следното видео, тој вети дека ќе ги следи нивните совети.
@fidiasmepPeople don’t want von der Leyen