Пожарникарите на Територијалната противпожарна единица Куманово бележат шест интервенции во последното деноноќие.
Првата интервенција била во селото Матејче каде во период од 10:26 до 12:40 часотгореле запалена слама од жетвени остатоци, како и сува трева. На терен интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило.
Во атарот на липковското село Лојане горел запален куп со слама. И натаму интервенирале тројца пожарникари, во период од 11:11 до 13:50 часот.
Во истото липковско село, неколку часа подоцна горела запалена сува трева. При што повторно пожарникарите излегле на терен и гаснеле од 15:10 до 17:50 часот.
Пожар вчера избувнал и на Спомен Костурница. Таму вчера во период од 15:13 до 17:10 часот горела сува трева, но и борова шума. На терен интервенирале петмина пожарникари со две противпожарни возила.
Пожар имало и на запалено стрниште во близина на депонијата Краста во село Пчиња. Ноќва таму од 02:10 до 04:00 часот, интервенирале двајца пожарникари.
На булеварот „Октомвриска револуција“ бележат и една техничка интервенција синоќа, за отворање на стан.
Никола Ивановски