Приведени тројца кумановци, фатени како крадат

Сподели со своите пријатели

Три лица од Куманово биле приведени вчера откако граничната полиција ги затекнала при обид да извршат кражба од приватен имот.

Loading...

– На 16.07.2024 околу 22.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода Е.Б.(29) и Е.И.(25), двајцата од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тие биле затекнати со уште едно лице при извршување „тешка кражба“ во објект на поранешна, сега напуштена свињарска фарма во селото Речица, кумановско, каде што со алат демонтирале два големи мотори.

Од лицата бил одземен алатот со кој го извршиле делото, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

– По целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски