Усвоена жалба против Европската комисија за набавка на вакцини против Ковид

Сподели со своите пријатели

Европскиот суд на правдата (ЕСП) денеска ја поништи одлуката на Европската комисија за прикривање на одредени делови од договорот за вакцината против Ковид, во време кога Урсула фон дер Лајен се бори да добие поддршка за нов мандат.

Loading...

Европскиот суд на правдата смета дека Комисијата не дала доволен пристап до договорите за продажба и смета дека одлуката на извршната власт да ги објави само редактираните верзии на договорите содржи неправилности.

Одлуката е донесена само еден ден пред Европскиот парламент да гласа за повторното именување на Фон дер Лајен за претседател на Комисијата.

Според Судот, Комисијата „не покажала дека поширокиот пристап кон клаузулите всушност би ги поткопал комерцијалните интереси на тие компании“.

Досега, ова прашање не влијаеше на кандидатурата на Фон дер Лајен бидејќи таа брзо постигна консензус за номинација меѓу главните политички сили во последниот мандат – меѓу групите ЕПП, С&Д и Обнови Европа.

Одлуката, сепак, претставува дилема за Зелените – кои ги оспорија тврдењата на Комисијата пред Европскиот суд на правдата.

Фон дер Лајен им се додворуваше на Зелените во последните денови додека се обидува да добие поддршка за нејзината номинација пред утрешното гласање.

„Овие договори се однесуваат на јавното здравје и во јавен интерес е информациите за цените на дозирањето, одговорноста за несакани ефекти, распоредот на испорака и другите релевантни информации да бидат колку што е можно транспарентни и јавно достапни“, рече европратеничката Ким ван Спарентак во соопштението за печатот, по поднесувањето барања за поведување на случај пред Европскиот суд на правдата.

Loading...

Европската комисија може да поднесе жалба на одлуката во рок од два месеци.