Најмалку пет лица загинаа при уривање на рудник за злато во Кенија

Сподели со своите пријатели

Најмалку пет лица загинаа, а неколку се повредени при уривање на нелегален рудник за злато во северна Кенија.

Loading...

Властите го затворија рудникот за злато Хило во близина на границата со Етиопија во март, откако неколку луѓе беа убиени во судирите меѓу локалните заедници околу пристапот до областа, но рударите продолжија да ископуваат на локацијата, јавува Ројтерс.

Околу 1.000 луѓе ги совладаа безбедносните сили и упаднаа во областа во понеделникот вечерта, рече заменик окружниот комесар на Марсабит, Дејвид Саруни, јави Танјуг.

„Го ископуваа тоа напуштено место што се урна. Пронајдени се пет тела“, изјави вчера Шаруни.

Петмина рудари загинаа под слични околности на Хил во мај.