Муцунски на одвоени средби со амбасадорите на Босна и Херцеговина и Јапонија

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска, оствари одвоени средби со амбасадорот на Босна и Херцеговина, Драган Јаќимовиќ и амбасадорот на Јапонија, Оцука Казуја.

Loading...

На двете средби, соговорниците ги потврдија одличните билатерални односи кои се градат и развиваат во континуитет.

На средбата со Амбасадорот на Босна и Херцеговина, стана збор за актуелните состојби во двете земји, како и процесите за интегрирање во Европската Унија, при што двете страни се согласија дека проширувањето на Унијата ќе биде поттик не само за земјите од регионот, туку и суштински интерес за земјите членки. Министерот ја потврди поддршката за европските и евроатлантските аспирации на Босна и Херцеговина, притоа потенцирајќи ја подготвеноста, за размена на искуства во оваа област.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски: Арачиново и Липково ќе добијат функционални градинки

Во разговорот со јапонскиот Амбасадор, Министерот изрази благодарност за бројните донации и континуираната помош од Јапонија за нашиот општествен развој. Воедно, беше поздравен јубилејот – 30 години од воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји, со посебен акцент на економијата и бизнис врските. Дополнително беше изразена подготвеноста за понатамошен развој на односите во рамки на Иницијативата на Јапонија за соработка со земјите од Западен Балкан.

Во рамки на средбите, стана збор и за актуелните состојби во земјава и регионот, како и за значајни надворешно-политички теми.