Захарова за испадот на Бајден: „Имаме проруски кандидат во САД“

Сподели со своите пријатели

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, ја коментираше ситуацијата во САД и новата грешка на американскиот претседател Џо Бајден нарекувајќи го украинскиот претседател со името на неговиот најголем противник Владимир Путин.

Loading...

Захарова, исто како и многу светски претставници, се осврна на оваа ситуација и иронично рече дека Бајден е проруски кандидат на изборите во Соединетите Американски Држави.

„Ми се чини дека озлогласеното руско мешање во американските избори веќе не може да се сокрие. Има проруски кандидат кој е контролиран од „раката на Кремљ“. Ја чекаме хистеријата на Хилари Клинтон за „нападот“ за американската демократија“ и извештајот на Стејт департментот за откривање на заговорот на „домашните терористи““, рече Захарова.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Откриена причината за судирот на воениот хеликоптер и патнички авион над Вашингтон

Да потсетиме дека за време на самитот на НАТО во Вашингтон, Бајден ги собра сите лидери на алијансата на заедничка прес-конференција, на која зборуваше за продолжување на помошта за Украина.

Во моментот кога требаше да го објави говорот на претседателот Зеленски, Бајден рече „претседател Путин“.