Гори складиште за нафта во Русија по напад со дрон

Сподели со своите пријатели

Пожар избувна утрово во складиште за нафта во Ростовската област во Русија по напад со дрон, изјави регионалниот гувернер Василиј Голубев.

Loading...

Во објава на Телеграм, тој прецизира дека околу 04:00 часот по локално време дошло до пожар во складиште за нафта во областа Цимљански, кој бил предизвикан од напад на беспилотно летало, пренесува Интерфакс.

Според агенцијата, во гаснењето на пожарот се вклучени 49 пожарникари и 14 возила.

Од почетокот на рускиот напад на Украина во февруари 2022 година, Москва речиси секојдневно најавува напади со украински беспилотни летала на границата и централните делови на Русија, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски во посета на Варшава за решавање на историски спор