Баба (92) прескокнала ограда од 2 метри за избегала од старачки (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Колку и да звучи неверојатно, 92-годишна жена од кинеската провинција Шандонг за помалку од една минута ја прескокнала оградата од дом за стари лица висока два метри и побегнала!

Loading...

Видеото од нејзиното неверојатно бегство стана вирално на кинеската социјална мрежа Веибо со повеќе од 1,2 милиони прегледи, со што стана тема на локалните медиуми, но и интересот на јавноста за тоа што ѝ се случи следно.

Директорот на домот за стари лица негираше какви било инсинуации дека госпоѓата била малтретирана и додаде дека жената боледува од тешка форма на Алцхајмерова болест.

Тој додаде дека и покрај лошата здравствена состојба, агилната дама покажала голем интерес за вежбање и качување и додаде дека веднаш наредил потрага во кој биле вклучени четири возила.

„Претрагата траеше 25 минути, а вработените ја нашле во близина на домот за стари лица“, забележа тој и вети дека ќе го зголеми надзорот кога станува збор за „спајдербаби“.