Кумановец со нож ѝ се заканувал на вонбрачната сопруга

Сподели со своите пријатели

Триесет и четиригодишен кумановец доби кривична пријава под сомнение дека со нож ѝ се заканувал на вонбрачната сопруга.

Loading...

– СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.И.(34) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, на 20.05.2024 поради нарушени семејни односи, со закана со нож, пријавениот и упатувал сериозни закани на неговата вонбрачна сопруга.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претрес во кумановско, пронајдени пиштоли и куршуми