Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 35 до 42 степена.
УВ индексот ќе биде многу висок со коефициент 9.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец.
Утринската температура ќе се движи околу 17 степени, додека максималната дневна ќе достигне високи 38 степени целзиусови.
Многу топло и сончево време ќе имаме и во текот на утрешниот ден.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 18 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 38 степени целзиусови.
Во недела ќе имаме за нијанса потопло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец, а температурата ќе биде во интервал од минимални 18 до максимални 39 степени целзиусови.
Следната работна недела носи за еден степен повисоки температури, односно во Куманово официјално ќе „пржи“ со 40 степени целзиусови.
Никола Ивановски