Ако земете камче или школка од овој остров, ќе бидете казнети со 3.000 евра

Сподели со своите пријатели

На Сардинија, во градот Олбија, оваа недела обвинета е брачна двојка од Италија и Германија бидејќи со себе имале школки и камчиња од плажата Будони.

Loading...

Навидум бесплатните сувенири од плажа се голем проблем на Сардинија, што доведе до воведување високи казни за кражба на школки и камења, пренесува австриската новинска агенција АПА.

Кражбата на песок и чакал од плажите, особено од туристи во Сардинија, е голем проблем кој има силно негативно влијание врз животната средина.

Поради ова, на островот се воведени високи казни за да се спречи овој вид на кражба.

На прекршителите им се заканува казна до 3.000 евра.

Повеќето туристи редовно се изненадени од казни.

„Кражбата на песок на плажата може да изгледа безопасно, но е смртоносна за кревкиот крајбрежен систем на островот“, потенцираат властите кои во текот на летото го заоструваат надзорот на најпопуларните плажи.