Битката за Бахмут во украинскиот регион Доњецк беше најкрвавата битка во две и полгодишната руска агресија против Украина, а таа заврши минатата година во мај со руската окупација.
Градот е речиси целосно срамнет со земја, а најновите снимки го покажуваат обемот на уништувањето.
Русите почнаа да го ракетираат Бахмут во мај 2022 година, а во август истата година, главно користејќи ги силите на паравоената група Вагнер, ја започнаа копнената окупација.
Најкрвавата битка на модерното војување
Иако оценките на аналитичарите зборуваа за малата стратешка важност на Бахмут во однос на понатамошниот тек на војната, битката за тој град се претвори во една од најкрвавите и најжестоките урбани битки во модерното војување.
Од една страна, Русите сакаа да им нанесат најголема можна штета на Украинците со брутални напади и уништување, а од друга страна, украинскиот претседател Володимир Зеленски битката за Бахмут ја оцени како прашање на морал и непоколебливост на Украинците во одбраната на земјата.
По повлекувањето на вагнерите, Русија ги засили нападите со редовни трупи и конечно на 20 мај го освои најголемиот дел од градот, паралелно со повлекувањето на украинската војска.
Податоците за жртвите и бројот на загинатите војници не се доволно веродостојни, но независните проценки покажуваат најмалку 11.000 загинати украински војници и најмалку 20-30.000 загинати припадници на руските војници, главно членови на Вагнер.
Russian military personnel show the latest video from Bakhmut. The city was simply wiped off the face of the earth by people who know nothing but destruction.
Now, look at the city in which you live. Can you imagine the same destruction? Or do you think they won’t do the same… pic.twitter.com/oBMpYL8xXP
— WarTranslated (Dmitri) (@wartranslated) July 11, 2024