Средношколци од Куманово ќе се натпреваруваат на глобалниот натпревар „Microsoft office specialist” и „Adobe certified professional” во САД.
Илина Арсовска од СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ и Леонид Петковски од ОСТУ „Наце Буѓони“ ќе бидат дел од тимот кој ќе ја претставува Македонија на глобалниот натпревар во Анахајм, Лос Анџелес од 28 јули до 1 август годинава.
Претходно беа одржани националните натпревари на кои од 300 ученици, меѓу најдобрите десет влегоа кумановските ученици Илина Арсовска од СОУ Гимназија “Гоце Делчев”, Леонид Петковски, Георги Станојковски и Матеј Глигоријевски од ОСТУ “Наце Буѓони”, Матеј Спасиќ – ООУ “Браќа Миладиновци”.
Ментори на учениците се наставниците Марјан Спасиќ и Јасмина Денковска.
Со наградените ученици од националните натпревари вчера средба оствари претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска и раководителот на Секторот за образование Александар Јовановиќ.
Никола Ивановски