Четириесет и седумгодишен кумановец бил приведен вчеравечер откако полицијата дома му пронашла хероин и дигитална вага.
Loading...
– На 21.06.2024 во 20.30 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода С.С. (47) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, при претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин и дигитална вага.
– С.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски