Две лица загинаа, а шест се ранети во престрелка во Арканзас

Сподели со своите пријатели

Две лица загинаа, а шест се ранети, меѓу кои и еден полицаец, кога вооружен маж отвори оган во продавница во Арканзас, соопшти полицијата.

Loading...

Пукањето се случило во самопослугата Мед Бучер во Фордајс, а полицијата го ранила напаѓачот.

Меѓу застреланите има и полицаец, но неговите повреди не се опасни по живот, соопшти државната полиција на Арканзас, пренесува АП.

Фордајс е мал град со околу 3.200 жители, на околу стотина километри јужно од Литл Рок.

На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа дека најмалку едно лице лежи на паркингот, додека друго е застрелано повеќе пати.

„Моите молитви се со жртвите и сите засегнати“, објави гувернерката на Арканзас, Сара Хакаби Сандерс на социјалните мрежи.

Полицијата се уште не соопштува кој би можел да биде мотивот за нападот.