Во моментов најпопуларното име во светот за девојчиња е Софија. Лесно се изговара на многу јазици, а значи мудрост.
До овој заклучок дошла американската експертка за имиња, Лаура Ватенберг која наведува дека Мексико, Италија, Русија и Америка се меѓу земјите каде најмногу го има ова име.
„Неверојатно е што на толку многу различни јазици и во толку многу различни култури едно име звучи исто. Тоа секако кажува нешто за начинот на кој културата се пренесува денес“, вели Ватенберг.
Мексико, Русија, Аргентина, Италија, Швајцарија, Естонија, Чиле и Словачка се земјите во кои родителите најчесто ги именуваат своите девојчиња Софија.
Меѓу трите се најпопуларните имиња во дури 20 земји.
Софија на грчки значи мудрост, а тајната на популарноста на името делумно е тоа што се изговара исто на различни јазици.
Некои ја поврзуваат нејзината популарност со познати дами, како Софија Вергара и Софија Лорен.