Граѓанин се изгубил движејќи се кон бањата Стрновац

Loading...
Сподели со своите пријатели

Едно лице пријавило дека движејќи се кон бањата во селото Стрновац во општината Старо Нагоричане залутало и се изгубило.

Лицето се јавило во Центарот за управување со кризи по што во координација со СВР Куманово било одлучено телефонски да го наведуваат полицајци од Полициската станица Старо Нагоричане.

– Било донесено решено дека дежурните од полицијата од ПС Старо НАГОРИЧАНЕ ќе го контактираат директно со лицето и ќе му помогнат – прво ќе му дадат насоки за движење, а потоа ако е потребно и ќе појдат по него на терен според локацијата добиена од неговиот мобилен телефон, информираат од ЦУК.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пронајден 19-годишниот кумановец кој беше пријавен за исчезнат

Никола Ивановски