Дрекслмајер обезбеди училишни клупи кои ќе бидат составен дел од училишниот инвентар на средното општинско училиште „Кочо Рацин“ од Свети Николе.
Тие ќе бидат распоредени соодветно според потребите на училниците кадешто се изведува образовниот процес.
„За нас младите луѓе се особено важни. Тие се нашата иднина и затоа среќни сме што можеме да го поддржиме нивниот образовен процес преку реализација на бројни проекти за поддршка на образованието. Современото општество бара современ систем на образование, а за тоа потребно е да бидат унапредени и условите за работа во образовните институции“, вели Лукас Мирингер, Генерален директор на Дрекслмајер Македонија.
Учениците, но и професорскиот кадар среќни се што училниците ќе бидат подновени за почетокот на следната учебна година и што условите за настава во училиштето се подобрени.
„Драго ни е што компаниите развиваат висока свест за поддршка при унапредувањето на образовниот процес. Особено сме благодарни, затоашто Дрекслмајер кон овој проект за донација пристапи самоиницијативно. Верувам дека нашата успешна соработка ќе ја продолжиме и во иднина со цел на учениците и на наставниот кадар да им овозможиме соодветни услови за непречено одвивање на образовниот процес“, вели Жаклина Милошева, директор на СОУ „Кочо Рацин“ од Свети Николе.
Дрекслмајер е семејна компанија со традиција од над 65 години која покрај активностите за поддршка во делот на спортот, културата, здравството и социјалните прашања, особено внимание посветува и на полето на образованието, така што иницира и реализира бројни проекти за унапредување на воспитно – образовниот процес почнувајќи од градинките, основните и средните училишта во регионите кадешто делува.
Интегрално соопштение