Кумановец возел пијан и бил агресивен кон полицајци

Сподели со своите пријатели

Четириесет и деветгодишен кумановец бил приведен поради возење во алкохолизирана состојба и агресивно однесување кон полицајци.

Loading...

– На 30.04.2024 во 20.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службеници дејства и се удирал самиот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат оттаму, по целосно документирање на случајот против Г.Ш. ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  26 точки на утрешната седница на Советот на Општина Куманово