Премиерот на Израел до Германија и Британија: Сакам да бидам јасен – одлуките ќе ги носиме сами

Сподели со своите пријатели

Израел сам ќе одлучи како да се брани, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со шефовите на дипломатиите на Германија и Велика Британија, Аналена Бербок и Дејвид Камерон, кои го повторија повикот Израел да покаже воздржаност по иранскиот напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.

Loading...

„Сакам да биде јасно – ние самите ќе донесеме одлуки, а државата Израел ќе направи се што е потребно за да се одбрани“, рече Нетанјаху по средбата со Камерон и Бербок, на кои им се заблагодари за поддршката, пренесува Ројтерс.

Шефовите на дипломатиите на Германија и Велика Британија престојуваат во Израел во заеднички обид да спречат израелско-иранскиот конфликт да ескалира во поширок регионален конфликт.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германската полиција уапси маж кој се заканувал со масакр

Камерон рече дека станува очигледно дека Израел планира да одговори на ирански напад.

Шефот на германската дипломатија повтори дека ескалацијата „нема да послужи никому, ниту на израелската безбедност, ниту на десетиците заложници кои се уште се во рацете на Хамас, ниту на палестинското население во Газа кои страдаат, ниту на многуте граѓани на Иран кои страдаат од сегашниот режим, ниту трети земји во регионот кои едноставно сакаат да живеат во мир“.