76-годишен кумановец завршил во болница по физичка пресметка

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и шестгодишен кумановец бил донесен во болница со повреди, по што било утврдено дека ги здобил во физичка пресметка со друго лице.

Loading...

– На 12.04.2024 во 23.00 часот во СВР Куманово од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен С.В.(76) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Според пријавеното, претходно на улицата „Тоде Мендол“ во Куманово бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.В. и Љ.Ф..

– По целосно документирање на случајот против двете лица ќе следуваат соодветни поднесоци, стои во соопштението на кумановската полиција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Данило Драшковиќ од Куманово прогласен за најмлад и најдобар пливач

Никола Ивановски