Приведени двајца кумановци: Биле агресивни и натепале полицајци

Сподели со своите пријатели

Две лица од кумановското село Љубодраг биле приведени вчеравечер поради агресивно однесување и физички напад врз полицајци.

Loading...

– На 04.04.2024 во 22.50 часот во с.Љубодраг, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Љ.Ј. (59) и А.Ј. (30), двајцата од село Љубодраг, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, двајцата, во домот на Љ.Ј. агресивно се однесувале и физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

– Љ.Ј. и А.Ј. биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави, стои во соопштението на кумановската полиција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени кумановци кои краделе од сепарација во Доброшане

Никола Ивановски