Приведен 23-годишен кумановец: Полицијата му пронашла гасен пиштол

Сподели со своите пријатели

Дваесет и тригодишен кумановец бил приведен вчера откако полицијата, по судска наредба, му пронашла гасен пиштол во домот.

Loading...

– На 03.04.2024 во 16.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.А.К.(23) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден гасен пиштол.

– А.А.К. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово ќе донира пари за Нови Сад и семејството на загинатиот Васко Саздовски