Членот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Тим Валберг изјави дека Газа треба да биде бомбардирана како градовите Хирошима и Нагасаки, врз кои беа фрлени атомски бомби во Втората светска војна.
Како што објави американскиот весник „Вашингтон пост“, Валберг на настан во Мичиген го коментираше прашањето за привремените пристаништа кои ќе бидат основани за испорака на хуманитарна помош во Газа по морски пат.
Валберг рече дека Соединетите Американски Држави (САД) не треба да спроведуваат активности како што е формирање пристаниште за испорака на хуманитарна помош во Газа и не треба да „трошат ни денар“ за хуманитарна помош за Палестинците.
Потсетувајќи се на двата града во Јапонија на кои САД фрлија атомски бомби за време на Втората светска војна, Валберг рече дека истото треба да се направи и со Газа.
„Треба да биде како Нагасаки и Хирошима. Треба брзо да се реши“, рече тој.
Советот за американско-исламски односи (CAIR) во Мичиген објави дека зборовите на Волберг треба да бидат осудени од сите Американци кои го ценат човечкиот живот и меѓународното право.
Republican Congressman Tim Walberg suggested dropping a nuclear bomb on Gaza ‘like Nagasaki and Hiroshima pic.twitter.com/gegRWFFBKU
— Moufid Mostafa مفيد مصطفى (@moufidmostafa) April 1, 2024