Две лица физички вчера го нарушиле јавниот ред и мир во центарот на Куманово со меѓусебна физичка пресметка.
Loading...
– На 31.03.2024 во 09.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„11-ти Октомври“ во Куманово бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Џ.С.(31) и М.Л.(24), двајцата од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат оттаму, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Никола Ивнаовски