Неделна прогноза за Куманово: Од дожд и снег до температури од 25 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со ретки грмежи, особено претпладне.

Loading...

На повисоките планини ќе има појава на снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува засилен ветер од северен правец (над 70 km/h). Попладне облачноста ќе се намали.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степен.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облчност.

Loading...

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу два степени под нулата, додека максималната дневна ќе достигне 11 степени цезлисуови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денот на независноста утре ќе се одбележи и во Куманово

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до засилен ветер од јужен и југоисточен правец, кој на моменти ќе надминува брзина од 50 километри на час. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 7 степени, а максималната дневна ќе достигне 14 степени.

Од УХМР за денеска и утре е издадено жолто метео предупредување за силен ветер.

Во среда ќе имаме облачно, но топло време со умерен до засилен ветер од јужен правец, кој повторно ќе достигне брзина и до 50 километри на час. Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, а дневниот максимум ќе достигне 19 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кривопаланчанец натепал кумановец и му го оштетил возилото

Четврток носи променливо облачно време со услови и за сонце, но и за дожд. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од југ и југозапад. Температурата ќе се движи во интервал од минимални 4 до максимални 17 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Во петок ќе имаме сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 6 степени, а максималната дневна ќе достигне 22 степени целзиусови.

Сабота носи сончево и многу топло време со слаб до умерено засилен јужен ветер и температури во интервал од минимални 7 до максимални 24 степени целзиусови.

Претежно облачно со кратки сончеви периоди, но топло, ќе биде во недела. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен и југосточен правец, а температурата ќе се движи од минимални 8 до максимални 25 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кривопаланчанец натепал кумановец и му го оштетил возилото

 

Loading...

 

Слично време ќе имаме и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски