Маргарита Симонјан, главниот уредник на РТ, објави видео од сослушувањето на човек за кој тврди дека е водач на терористичка група која уби повеќе од 140 луѓе во Москва.
Мажот на видеото зборува таџикистански, а неговите зборови ги преведува жена.
Тој наведува дека живееле во хостел лоциран во Дмитровка во близина на автопатот.
Осомничениот рекол дека купиле автомобил и дека комуницирал со Абдул и Мухамед.
Маргарита Симоньян опубликовала еще одно видео с подозреваемым в теракте в “Крокусе”, назвала его главарем, он говорит по-таджикскиhttps://t.co/rYtzwBTrn9 pic.twitter.com/IomAbuH4Br
— РИА Новости (@rianru) March 23, 2024
Симонјан претходно објави снимка од сослушувањето на терорист кој по апсењето признал дека учествувал во терористичкиот напад на концертната сала Крокус во Москва!
Терористот фатен на видеото открива дека е роден на 17 септември 1998 година, дека во Русија пристигнал на 4 март од Турција, а понудата да изврши терористички напад ја добил преку Телеграма.
Според него, тој не знае кои биле луѓето кои го нарачале нападот, но за тоа требало да добие околу половина милион рубљи.
Досега, како што рече, има добиено половина од таа сума и тоа преку картичката. Сепак, тој подоцна рече дека му ветиле милион рубљи.
Како што рече, оружјето за нападот го добил директно од нарачателот на убиството, кој му го доставил.
За време на сослушувањето, терористот рекол дека се решил на ваков чекор откако разговарал со помошникот на проповедник, кого го слушал, а понудата за нападот ја добил пред околу еден месец.
Според последните податоци, бројот на загинати е 143!