Американскиот државен секретар Ентони Блинкен разговараше во Џеда со престолонаследникот Мохамед бин Салман од Саудиска Арабија за итната потреба за прекин на непријателствата во Газа.
Бин Салман и Блинкен разговарале за „настаните во Појасот Газа и регионот, како и за напорите за запирање на воените операции“, објави Си-Ен-Ен, цитирајќи ја саудиската државна новинска агенција SPA.
СПА извести дека разговарале и за безбедносната и хуманитарната состојба во регионот.
Блинкен, кој е на турнеја низ Блискиот Исток, рече дека разговорите за прекин на огнот во Газа, за кој ослободувањето на заложниците што ги држеше Хамас е едно од клучните прашања, „се приближуваат“ до договор.
„Мислам дека разликите се намалуваат и договор е многу можен“, рече Блинкен во Џеда, според транскриптот објавен од Стејт департментот.
Блинкен денеска ќе отпатува за Египет каде ќе се сретне со арапските лидери, а во петок ќе го посети Израел.