Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтер ја погоди денеска Јапонија, јавија јапонските медиуми.
Loading...
Земјотресот бил околу 9:00 часот по локално време, во близина на главниот град Токио.
Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека жариштето е во јужната префектура Ибараки, на длабочина од 50 километри.
Не е издадено предупредување за цунами.
Јапонија се наоѓа во Огнениот прстен на Пацификот, каде сеизмичката активност е висока.