Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц ќе се сретнат денеска во обид да ги поправат односите оштетени од нивниот став за војната во Украина.
По средбата, на двајцата шефови на држави ќе им се придружи и полскиот претседател Доналд Туск во таканаречениот „Вајмарски триаголник“, со надеж дека тоа ќе им помогне во подобра идна соработка, пренесува „Еурактив“.
Тензиите се зголемија во февруари кога Макрон одби да ја исклучи можноста за испраќање западни трупи во Украина, сценарио кое Шолц веднаш го отфрли.
„Европа е очигледно во момент кога е неопходно да не бидеме кукавици“, рече Макрон пред публиката во Прага, навидум одговарајќи му на Шолц.
Пратеничката од Ренесансата на Макрон, Сабине Тиеј, истакна дека, освен лидерот, соработката меѓу Франција и Германија останува блиска на многу различни нивоа.
Експертите проценуваат дека Туск би можел да го реши ќор-сокакот меѓу Макрон и Шулц и да ги наведе да се фокусираат на зајакнување на европската безбедност.
„Туск би ја променил рамнотежата во правењето компромиси и динамиката на донесување одлуки“, вели Јан Вернерт, истражувач во центарот Жак Делор.
Како што пренесува „Политико“, во четвртокот во гостувањето на француската телевизија ТФ1, Макрон го повторил својот став дека не може да ја исклучи можноста за испраќање војници од западните земји во Украина.
„Ако Русија победи, животот на Французите ќе се сменат“, предупреди Макрон.