Приведен осомничен за внесување и продавање дрога во кумановскиот затвор

Сподели со своите пријатели

Кумановската полиција приведе четириесет и едногодишник осомничен дека организирал внесување и продавање дрога во затворот во К’шање.

Loading...

– На 07.03.2024 во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода Љ.А.(41) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што објаснуваат од полицијата, тој се сомничи дека на В.М. од Куманово и Ш.Ш. од Радовиш, осуденици во Казнено-поправната установа Затвор К’шање, им организирал внесување и продажба на дрога.

– По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени кумановци кои краделе од сепарација во Доброшане

Инаку, претходно во два случаи беше откриена дрога во затворот, а во едниот и поголема количина марихуана од 14 пакувања и една ќеса.

Никола Ивановски