Околу 20 европски лидери ќе се соберат денеска во Париз за да испратат порака до рускиот претседател Владимир Путин за европската одлучност во однос на Украина и да се спротивстават на наративот на Кремљ дека Русија ќе победи во војната, која влегува во третата година, објави Елисејската палата.
Францускиот претседател Емануел Макрон ги покани своите европски колеги во Елисејската палата на работен состанок најавен за кратко време поради, како што наведуваат неговите советници, „ескалацијата на руската агресија во последните недели“, пренесе Ројтерс.
„Сакаме да испратиме многу јасна порака до Путин дека нема да победи во Украина“, изјави советникот на францускиот претседател за новинарите на брифингот.
Лидерска средба
На конференцијата треба да присуствуваат германскиот канцелар Олаф Шолц, британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, шпанскиот премиер Педро Санчез, холандскиот премиер Марк Руте, како и лидерите на скандинавските и балтичките земји, пишува Ројтерс.
САД ќе ги претставува помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Џејмс О’Брајан, а Канада од министерот за одбрана Бил Блер.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.