Поранешниот британски премиер Борис Џонсон побара од американскиот новинар Такер Карлсон милион долари за интервју во кое ќе ја разјасни својата позиција за конфликтот во Украина.
– Борис Џонсон ме нарече „оружје на Кремљ“ или нешто слично. Испратив барање за интервју со него. Еден од неговите советници ми одговори: „Ќе разговара со тебе, но тоа ќе чини милион долари“. Тој сака милион американски долари во злато или биткоини. Тоа се случи пред еден или два дена – изјави Карлсон.
Тој објасни дека Џонсон само се согласил да разговара со него за Украина под такви услови и да ја објасни својата позиција.
– Ме напаѓа без да објасни зошто грешам и зошто е во право. А тоа го прави човек кој на барање на американската влада спречи мировен договор во Украина пред една и пол година и кој верувам дека е одговорен за смртта на стотици илјади луѓе. И ништо од тоа нема да ми објасни во интервјуто додека не му платам милион долари – изјави Карлсон.
Карлсон заклучил дека земал интервју од рускиот претседател Владимир Путин и дека не го штити рускиот претседател и дека Путин не му побарал милион долари.