Рускиот министер за земјоделство вчера изјави дека Москва испратила 200.000 тони жито во шест африкански земји бесплатно, како што вети претседателот Владимир Путин во јуни.
Loading...
– Русија даде по 50.000 тони на Централноафриканската Република и Сомалија, а по 25.000 тони на Мали, Буркина Фасо, Зимбабве и Еритреја, изјави министерот Дмитри Патрушев на средбата со Путин, пренесе Кремљ.
Путин го вети житото на состанокот со африканските лидери во јуни, откако Русија се повлече од договорот што ѝ дозволуваше на Украина да извезува жито од пристаништата на Црното Море.