Пет лица загинаа во денешниот напад со руски дрон врз станбена зграда во регионот Суми, на северот на Украина, додека има повредени во украинското гранатирање на Доњецк, јавуваат украинската и руската страна.
„Во северниот регион Суми е погодена станбена зграда, пет лица загинаа – мајка со два сина и нивните роднини“, објави регионалната воена администрација на Телеграм.
Украинската армија претходно објави дека Русија извршила напад врз Украина со 23 беспилотни летала Шахед и дека воздушната одбрана ги уништила сите.
Во нападот на Доњецк, украинската армија удри во зградата на библиотеката и има жртви, јави дописникот на РИА Новости.
Очевидци изјавија дека најмалку четири лица се ранети, а едно лице е извлечено од урнатините, пренесува Танјуг.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.