Шест пожари вчера низ Куманово и Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Шест интервенции бележат пожарникарите од Куманово и Старо Нагоричане во текот на изминатото деноноќие, претжено од помал обем.

Loading...

Првата интервенција на кумановските пожарникари била на запален оџак од семејна куќа во близина на Спомен Костурница. Таму во период од 16:12 до 17:10 часот интервенирале четворица пожарникари со едно противпожарно возило, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Оџак бил запален и на семејна куќа лоцирана на улицата „Есперанто“, каде во период од 16:42 до 17:20 часот интервенирале тројца пожарникари.

Во населбата Перо Чичо била опожарена сува трева. Интервенирале тројца пожарникари во период од 17:25 до 18:30 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неколку кумановски села денеска и утре без струја

 

 

Сува трева горела и во атарот на селото Војник, во близина на бензинска пумпа. Во гаснењето учествувале петмина пожарникари во период од 17:50 до 18:58 часот.

Loading...

Пожарникарите од ТППЕ Старо Нагоричане бележат две интервенции. Првата била во селото Челопек на гаснење греди на старата куќа која беше опожарена на 14ти месецов. Пожарот, како што информираат од РЦУК, повторно се активирал, односно почнала да чади опожарената дрвена конструкција. Тројца пожарникари гаснеле во период од 12:45 до 18:00 часот.

 

 

Втората интервенција била во атарот на селото Војник на гаснење опожарена сува трева и стрниште, при шти интервенирале тројца пожарникари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Фестивал на планински филм во Куманово

Никола Ивановски