Гутереш: Можеме да изградиме нов мултиполарен глобален поредок

Сподели со своите пријатели

Во својот говор на Светскиот економски форум во Давос, генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, истакна дека геополитичките поделби во сегашниот свет го спречуваат решавањето на глобалните предизвици и дека реформите во глобалното владеење се неопходни за човештвото да се справи со заканите.

Loading...

„Верувам дека можеме да изградиме нов мултиполарен глобален поредок, со нови можности за лидерство и со рамнотежа и правда во меѓународните односи“, рече Гутереш, додавајќи дека единственото решение е „реформиран, инклузивен, вмрежен мултилатерализам“.

Тој нагласи дека мотото на овогодинешниот Светски економски форум во Давос „Обнова на довербата“ не е слоган или ПР кампања, туку дека вистинското враќање на довербата бара суштински реформи на глобалното владеење.

„Институциите и рамки на глобалното управување, од Советот за безбедност до системот на Бретон Вудс, беа создадени пред 80 години. Не можеме да изградиме иднина за нашите внуци со систем изграден за нашите баби и дедовци“, заклучи Гутереш.

Годишниот состанок на Светскиот економски форум започна во понеделникот во Давос под слоганот „Обнова на довербата“ и до 19 јануари ќе биде домаќин на повеќе од 100 претставници на земји, на сите големи меѓународни организации, на 1.000 партнери на Светскиот економски форум, како и на граѓански лидери на општеството, експерти, претставници на млади, социјални претприемачи и новински агенции.