Во Иран денеска ден на жалост поради терористичките напади

Сподели со своите пријатели

Иранската влада го прогласи 4 јануари за ден на жалост ширум земјата по терористичкиот напад во градот Керман во кој загинаа 188 лица.

Loading...

„По мачеништвото и ранувањето на десетици сонародници во криминален терористички напад во Керман, Владата го прогласи 4 јануари за ден на жалост во целата земја“, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на иранскиот претседател Ебрахим Раиси.

Бројот на повредени во нападот за време на комеморацијата на годишнината од атентатот на иранскиот генерал Касем Сулејмани се искачи на 211, јави државната ТВ ИРИБ.

Претходно денеска, иранските медиуми објавија дека две бомби експлодирале на влезот на гробиштата во Керман каде се одржувала церемонија по повод годишнината од смртта на Сулејмани.

Според последните податоци загинале 188 лица, јавува Срна.

Сулејмани, командантот на елитните сили Кудс на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, беше убиен во напад на американско беспилотно летало во Багдад на 3 јануари 2020 година.