Четирицикл излетал од патот Куманово – Белановце, возачот тешко повреден

Сподели со своите пријатели

Четириест и деветгодишник од липковското село лојане бил тешко повреден откако излетал од патот Куманово – ГП Белановце со својот четирицикл.

Loading...

– На 01.01.2024 во 15.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Граничен премин Белановце, кај с.Слупчане четирицикл „кимко“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од И.З.(49) од с.Лојане излетал надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Физички нападнат 17-годишник од Куманово