Израел уби петмина Палестинци на Западниот Брег

Сподели со своите пријатели

Израелски војници убиле пет палестински милитанти во денешната размена на оган на окупираниот Западен Брег, соопшти армијата.

Loading...

Палестинските власти се уште не го коментирале инцидентот.

Во соопштението на армијата се наведува дека во антитерористичка операција војниците убиле четворица вооружени милитанти кои пукале во нив од куќа во палестинското село Азун, а еден израелски војник бил ранет.

Израелските сили се сè поактивни на Западниот Брег

Во Калкилија војниците застрелале и убиле вооружен маж кој отворил оган врз нив додека биле на операција за заплена на оружје, соопшти армијата.

Израелските безбедносни сили ги засилија нападите на Западниот Брег по нападот на Хамас на 7 октомври во јужен Израел и израелската офанзива во Појасот Газа што следеше.