Над 50 уапсени на протестот во Вашингтон за мир на Блискиот Исток

Сподели со своите пријатели

Американската полиција уапси повеќе од педесет луѓе во Вашингтон кои се собраа да го повикаат раководството на Соединетите Американски Држави да се залага за траен мир на Блискиот Исток.

Loading...

Активистите на Американската кампања за палестинските права, потоа еврејскиот глас за мир, како и други собрани на овој протест, носеа маици со слоганот Инвестирајте во животот и побараа Конгресот да го отфрли предлогот на американскиот претседател Џо Бајден за нови финансиски помош за Израел.

Тие побараа од американската влада да ги пренасочи средствата кон домашните приоритети, од детска грижа до подостапни станови, наместо да го вооружува Израел.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израелски министер: Не смееме да застанеме ниту за момент, мора да ја окупираме цела Газа

Полицијата насилно ги прекина демонстрациите одржани во деловната зграда на американскиот Сенат и приведе 51 лице, јавуваат американските медиуми.