Романец лидер на јога секта обвинет за трговија со луѓе, сексуално експлоатирани жени

Сподели со своите пријатели

Француските власти го уапсија лидерот на мултинационалната организација за тантричка јога, Грегоријан Биволару (71), под сомнение дека ги индоктринирал женските следбеници за сексуална експлоатација.

Loading...

Романскиот гуру, шеф на Атман Јога федерацијата, беше приведен за време на полициска операција низ Париз, изјави судски функционер, кој не беше овластен јавно да зборува за истрагата, пренесе АП.

Според француски функционер, истрагата против Биволару и федерацијата за јога, која е позната и како Движење за духовна интеграција во апсолутот (МИСА), започнала по извештаите за психолошка манипулација и сексуална експлоатација во рамките на организацијата.

Поранешните членови на МИОА ги предупредиле властите за наводни злоупотреби.

Биволару беше обвинет за трговија со луѓе, организирано киднапирање, силување и организирана злоупотреба на слабост од страна на членовите на сектата.

Интерпол, исто така, издаде налог за апсење на Биволару во име на властите во Финска, каде што тој се бара за наводна отежната трговија со луѓе.

Веб-страницата на Федерацијата Алтман и други веб-страници тврдат дека Биволару е жртва на заговор за негова дискредитација.

Биволару, кој беше осуден за силување малолетник во неговата родна Романија, ја основа МИОА во 1990 година.

Loading...

Организацијата се прошири на меѓународно ниво како Атман Јога Федерација.